Центарот за јавно здравје во Охрид набави и инсталира нова опрема за брза и прецизна молекуларна детекција на респираторни вируси и бактерии, преку тестирање на молекуларно ниво со Multiplex RT – PCR технологија.

За разлика од имунолошките техники базирани на детекција на антитела што се развиваат после одреден период (седум дена) по инфекцијата, молекуларната технологија е погодна за детекција на акутни состојби на инфекција.

На InGenius се тестираат назофарингеален брис, орофарингеален брис и спутум, при што за само неколку часа се добиваат резултати за горно и долно респираторни инфекции предизвикани од вирусите SARS-CoV-2, Influenza A, Influenza B, Respiratory Syncytial Virus (RSV), бактериите Mycoplasma pneumoniae, Chlamydia Pneumoniae, Legionella pneumophilla.

Како што е посочено од Центарот за јавно здравје од Охрид, токму односните атипични бактерии (микроорганизми) може да предизвикаат пневмонија, уште наречена и атипична пневмонија.

Инаку, од неодамна во ЦЈЗ - Охрид беше воспоставен и вече применет целосно автоматизиран систем на PCR-real time детекција и определување на 14 високоризични типови на Human Papiloma Virus (HPV) и Chlamydia trachomatis.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/03/2024 12:21