Стружани од денеска локалните проблеми ќе може да ги пријават преку апликацијата Prijavi24, соопшти Општина Струга.
Мобилната апликација, како што појансуваат, може да се преземе бесплатно од GooglePlayStore и AppStore или со скенирање на приложениот баркод.
- Преку апликацијата, може да пријавите проблеми поврзани со градот и околните населени места од сите категории, како што се улично осветлување, дупки на патот, објекти склони на рушење, проблеми од областа на животната средина, уништена урбана опрема, отпад и диви депонии, градби и дивоградби, стои во информацијата.
Апликацијата има опција и за прикачување слики од дадениот проблем, а пријавувањето може да биде анонимно или јавно.
Според Општина Струга, граѓаните може да дадат и предлози со кои би се подобрил целокупниот начин на живеење во општината.