Британската тенисерка Ема Радукану се повлече од ВТА турнирот во Мајами (САД), објави „Sky Sports“.

Тенисерката ќе го пропушти турнирот поради повреда на грбот. Неа во главната ждрепка ќе ја замени Ана-Каролина Шмидлова.

Радукану во првото коло на турнирот во Мајами требаше да игра против Ксиу Ванг од Кина.

На последниот турнир во Индијан Велс (САД), Радукану стигна до третото коло, во кое загуби од Арина Сабаленка од Белорусија (3:6, 5:7)



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2024 15:35