Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го сподели своето мислење за интересот од Мерцедес. Според трикратниот шампион, пријатно е чувството кога се знае за интересот кон него на германскиот тимски шеф Тото Волф.
-Секогаш е убаво да се слушне тоа. Интересот на мерцедес за мене годи, но ова не влијае на моите постапки на кој било начин. Јас и Тото имавме свои моменти, но тоа е нормално кога две екипи се борат за титулата. Но, почитта секогаш беше тука. Ако зборуваме за мене, тоа не менува ништо, изјави Макс во пресрет на трката за Големата награда на Австралија.
Холанѓанецот на прашањето дали некогаш би се приклучил на Мерцедес одговори:
„Не знам. Не знам што ќе се случи по сезоната 2028. Не знам дали ќе останам во Ф1, дали ќе продолжам да возам".
Верстапен е трикратен светски шампион во Формула 1 и лидер во поредокот сезонава со две победи на првите две трки одржани во Бахреин и во Саудиска Арабија.