Над 1000 садници денес, по повод Денот на пролетта, се садат низ цела Кисела Вода. Багреми, туи, цреши, брези, сливи ќе бидат засадени во парковите “Оксиген”, “Феникс”, во Усје кај крстот, во Пинтија каде што се гради нов плоштад, во Расадник... Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски од утрово е во паркот што се гради до улицата “Пушкинова”. Таму, на површина од околу 1100м2 ќе има детско игралиште со современи реквизити за игра, урбана опрема, опкружени со парковско зеленило и надополнети со дрвца, кои токму денес ќе бидат засадени. Во тимот што денес пошумува е и Стефан, лицето со Даунов синдром вработено во Општина Кисела Вода. Работно и со дружба, во Кисела Вода се одбележува и денешниот 21 март, Светски ден на лицата со Даунов синдром.

-Пролетта ја пречекуваме со акција за пошумување која се одвива низ парковите во општина Кисела Вода, на тој начин зголемувајќи го процентот на зеленило во сите населби и населени места. Во истата насока, сакам да истакнам дека најголемиот дел од овие паркови и рекреативни центри, 15 на број, се изградени токму во овие две години. Дел од нив, како што е овој, на улицата “Пушкинова”, се во завршна фаза. Денес засадуваме преку 1000 дрвца, а парлелно, еколошката акција се одвива и низ нашите основни училишта. Исто така, сакам да назначам дека многу ме радува што во тимот што денес сади со мене е нашиот Стефан кој, како прво лице со Даунов синдром вработено во било која општина, повеќе од една година успешно работи во Кисела Вода. Денес, кога овие лица го одбележуваат својот ден, сакам да упатам јасна порака дека лицата со Даунов синдром не смеат да бидат маргинализирани, дека заслужуваат шанса да работат и дa придонесуваат за доброто на општеството. Општина Кисела Вода и јас како нејзин градоначалник и понатаму ќе продолжиме да работиме на постигнување на целосна инклузивност и на овие, и на лицата со друг вид на попреченост преку отворање дневни центри, градинки и овозможување на пристапност на локациите за лицата со попреченост-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Општина Кисела Вода



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2024 14:58