Интернет-платформата „Тикток“ важи за ризница на трикови за мода и убавина. Така, еден од новитетите е видео објавено од корисничката @everything_tidy коешто покажува колку нечистотија содржи една четка за коса...

- Можеби главната причина за мрсна коса не е самата коса, туку четката што ја користите. Сега ќе го тестирам тоа. Сите четки ги ставам во мијалникот и ќе ги оставам така некое време. Ставив топла вода и шампон во мијалникот, појанува „тиктокерката“.

По извесно време, се покажа резултатот - заматена и сива вода.

- Ги оставив четките во вода еден час, а потоа се вратив да ја проверам состојбата... Одвратно е! Дами, не заборавајте да ги измиете четките што ги користите за стилизирање на косата, советува девојката.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2024 05:05