Денес, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски заедно со претседателката на Советот Дијана Илиевска и директорката на ООУ Григор Прличев Александра Петковска Анастасов го пуштија во употреба новото катче за детска забава во дворот на училиштето.

За настанот, градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

ООУ Григор Прличев во Железара доби ново детско катче со најсовремени реквизити за детска забава.

Го пуштивме во употреба новото детско катче кое се изгради во дворот на општинското основно училиште Григор Прличев во Железара.

Катчето за детска забава е опремено со најсовремени реквизити поставени на гумена подлога.

Претходно, катче за детска забава се направи и во дворот на ООУ Стив Наумов во Автокоманда и во дворот на детската градинка 25 Мај, клонот Морковче во Јурумлери.

Овој тренд на изградба на катчиња за детска забава ќе продолжи и во следниот период.

Гази Баба создава дела за своите најмлади жители! – напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2024 18:08