Дел од корисниците од улицата „Јадранска магистрала“, поточно објектите во околината на фирмата „Виндија“ во населбата Взбегово од 8:00 до 15:00 ќе останат без напојување со електрична енергија поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа што ќе ги спроведуваат екипи на ЕВН Македонија АД.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, поради отстранување дефект на водоводна мрежа, на улицата „Никола Русински“ бр. 2, од 9:00 часот до завршување со интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од таа улица во општина Карпош.

Поради отстранување дефект на водоводна мрежа во село Ракотинци, пак, од 9:00 часот до завршување со интервенцијата без вода ќе бидат жителите на селото Ракотинци во општина Сопиште.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2024 03:47