Актуелниот лидер во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен (Ред Бул), ќе ја почне неделната трка за Големата награда на Австралија од најдобрата стартна позиција.
Трикратниот актуелен светски шампион беше најбрз на денешните квалификации на патеката „Алберт Парк“ и дојде до својата 35. „пол-позиција“ во кариерата.
Доколку победи в недела Ферстапен би го израмнил личниот рекорд за последователни победи. Во 2023 година актуелниот шампион славеше на десет трки по ред, соборувајќи го рекордот на Германецот Себастијан Фетел (девет победи по ред во 2013 година).
Верстапен ќе стартува пред Шпанецот Карлос Саинц во Ферари, кој се врати на патеката овој викенд само две недели по операцијата на слепо црево.
Клупскиот колега на Ферстапен, Мексиканецот Серхио Перез ќе стартува од вториот ред, на третата позиција, пред Британецот Ландо Норис (Мекларен), кој беше четврти во квалификациите.
Во третиот ред ќе бидат Шарл Леклер (Ферари) и локалниот возач, Австралиецот Оскар Пјастри (Мекларен).