Општина Аеродром и понатаму продолжува со сопствени средства да дава поддршка за реализација на проектот „Бесплатно пливање“ за учениците од прво одделение и дечињата со попреченост. Денеска, градоначалникот Тимчо Муцунски придружуван од претседателот на советот, Дејан Митески и министерот за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски присуствуваа на еден од часовите наменети токму за дечињата со попреченост.

Во објавата на својата Фејсбук страна Градоначалникот Муцунски истакна дека посебно е горд на овој проект, затоа што Аеродром е првата и единствена општина која преку вакви активности дава поддршка и покажува грижа за правилниот психофизички развој на децата.

Дополнително, тој истакна дека ова е проект кој промовира инклузивност и правилен развој, притоа нагласи дека во иднина Општина Аеродром со поддршка од централната власт ќе продолжи да реализира проекти во чиј фокус е здравото живеење и кој го промовираат спортот помеѓу младите.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2024 19:24