Возачот на шпанскиот тим Дукати Прамак, Хорхе Мартин е победник на денешната трка во Мото ГП шампионатот за Големата награда на Португалија.

Мартин победи на патеката во Портимао со резултат 41:18.138. Второто место го освои италијанскиот возач на Дукати, Енеа Бастианини, кој заостана 0,882 секунди зад Мартин. Трет беше шпанскиот возач на Ред Бул Гасгас, Педро Акоста, со 5,362 секунди заостанување зад победникот.

Четвртото место го освои возачот на Ред Бул КТМ Бред Биндер од Јужна Африка, а петтото неговиот тимски колега од Австралија - Џек Милер



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2024 03:42