Амбасадата на Словачка во Скопје известува за повик за аплицирање на кандидати од Северна Македонија за стипендии на Владата на Словачката Република (Slovak Republic Government Scholarship), за додипломски и магистерски студии во одредени области на образование за академската 2024/2025 година.
Основните услови за добивање владина стипендија се: номинација од Министерството за надворешни работи/Министерството за образование на матичната земја/Амбасадата на Република Словачка во Скопје; постигнатиот успех во средното образование или универзитетските студии и избрано поле на студирање.
-Услов за доделување на владината стипендија за стандардна должина на високообразовни студии е познавање на словачкиот јазик на потребното ниво и прием за студирање во избраната област на државен универзитет во Република Словачка. За подобро изучување на словачкиот јазик, апликантите за владина стипендија имаат можност да поминат јазична и стручна обука за словачки јазик и стручни предмети со фокус на подобрување на комуникациските вештини неопходни за совладување на универзитетските студии на словачки јазик. Обуката е бесплатна за избраните апликанти и ќе биде организирана од Универзитетот „Матеј Бел“ во Банска Бистрица, во периодот од 2 септември 2024 до 30 јуни 2025, наведува МОН во објавата.
Подетални информации во врска со финансиските услови за овие стипендии се достапни на линкот https://www.minedu.sk/scholarships-of-the-government-of-the-slovak-republic/
Упатството за аплицирање може да се најде на веб-страницата: www.vladnestipendia.sk / www.vladnestipendia.sk/en/ .
Апликациите треба да бидат доставени електронски, во периодот од 25 март до 30 мај 2024. За техничка поддршка кандидатите може да се обратат директно на: helpdesk@studyabroad.sk или на тел. број: +421 907 551 404.
-Апликациите на кандидатите кои не ги исполнуваат условите нема да бидат разгледани од страна на селекциониот панел. Оригиналните електронски доставени документи прифатениот апликант ќе ги донесе и ќе ги достави до Секторот за меѓународни односи на Министерството за образование, истражување, развој и млади на Република Словачка по неговото/нејзиното пристигнување во Република Словачка, е наведено на веб-страницата на МОН каде што се достапни и информации за областите на студирање за кандидати од нашата држава