Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажа последното мерење на квалитетот на водата за пиење добиено од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.

Како што информираат од ЈП Водовод и канализација, во периодот од 18.03.2024 до 22.03.2024 испитување било извршено на 190 примероци за физичко-хемиска и 190 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 41 мерни места во Градот Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), стои во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2024 00:17