Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Велес (2023-2027) е објавен на веб страната на општината www.veles.gov.mk и ќе биде достапен до 20.април годинава.
Од Општина Велес информираат дека сите заинтересирани можат да го дадат своето мислење, забелешки и предлози и можат да ги испраќаат на е-маил: opve@veles.gov.mk или по пошта на адресата: „Панко Брашнар“ бр.1, Велес до крајниот рок - 20 април годинава.
-Вашите мислења, забелешки и предлозиза нас се многу важни со цел заеднички да го реализираме планот за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух Во Општина Велес, потенцираат од службата за информирање на општината.