Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ објавија крај на соработката. Тие работеа заедно шест години.
-Добро се сеќавам на моментот кога го поканив Горан да стане дел од мојот тим. Беше во 2018 година. Работата со него не само што ми помогна да го подобрам мојот сервис, туку донесе многу радост, смеа, прво место на ранг-листата, рекорди и уште 12 Грен слем победи.
Пред неколку дена, јас и Горан решивме да престанеме да работиме заедно. Имавме подеми и падови на теренот, но нашето пријателство отсекогаш било силно, така ќе остане и понатаму.
Ти благодарам за се, пријателе. Те сакам, стои меѓу другото во објавата на Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Иванишевиќ пред Србинот ги тренираше и Хрватот Марин Чилиќ, Чехот Томаш Бердих и Канаѓанецот Милан Раониќ.
Од 2018 година, кога почна д аработи со Иванишевиќ, Ѓоковиќ освои четири Грен слема на Австралија, два пати победуваше на Ролан Гарос, четири пати на Вимблдон и два пати на УС Опен.