Извршниот одбор на Европските олимписки комитети (ЕОК) едногласно го избра Истанбул за домаќин на четвртите Европски игри што ќе се одржат во 2027 година, соопштено е денеска.

„Истанбул и Турција долго време се добри пријатели на меѓународниот спорт. Знаеме дека тоа ќе биде совршено место за најдобрите европски спортисти да блеснат во 2027 година, објави претседателот на ЕОК, Спирос Капралос.

Турскиот олимписки комитет се надева дека организацијата на Европските игри ќе им помогне во обидот да бидат домаќини на Олимписките игри во 2036 година, а за ова натпреварување нема да мора да градат ниту еден нов објект.

Европските игри, иницирани како манифестација со повеќе спортови, по моделот на панамериканските, азиските, африканските и пацифичките игри, се одржаа за прв пат во 2015 година, но сè уште не станале важно натпреварување.

Првата европска олимпијада се одржа во Баку, втората во Минск, а третата во Краков.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2024 00:32