Олимпискиот факел ќе биде достапен за јавноста за време на Игрите ова лето, во јавниот урбан парк Градината Туилери, во строгиот центар на Париз.

Светските новински агенции, повикувајќи се на добро информиран анонимен извор, јавија денеска дека олимпискиот факел за време на одржување на Игрите ќе биде поставен во Градината Туилери, место во срцето на Париз помеѓу палатата Лувр и плоштадот Конкорд.

Минатата недела францускиот спортски дневен весник „Л’Екип“ објави дека Градината Туилери, на брегот на Сена помеѓу Лувр и Конкорд, е силен фаворит за домаќин на факелот.

– Одлуката е донесена на почетокот на оваа година, изјави изворот.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26 јули до 11 август.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2024 04:00