По повод 99 годишнината на планинарски Клуб „Љуботен“, во неделата се реализираше планинарска тура кон Лешница. Околу 100 учесници преку оваа планинарска тура го прославија роденденот на клубот.

-Променливото време не ги тргна насмевките на лицата на сите кои учествуваа на вчерашната тура. Се движевме на релација с. Бозовце – Долна Лешница – с. Бозовце со посета на кадите на Кривошијска Река. П.К. „Љуботен“ им благодари на сите учесници на роденденска тура и им посакува уште многу заеднички дружења по сите планини во Македонија, информираа од ПК Љуботен.

Освен членовите на клубот и љубители на планината од Тетово, на турата беа и гости планинари од Скопје, Куманово, Крушево и членовите на планинарскиот клуб „Картуш“ од Прилеп.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2024 04:50