ЈСП Скопје информира дека поради надградба на системот за наплата која се вршеше во изминативе неколку денови, регистрирани се инцидентни технички проблеми кај одреден број корисници при валидирање со мобилен телефон (185) или мобилната апликација „Скопска“.

ЈСП апелира до сите кои констатирале пропуст при валидирањето и сметаат дека се оштетени, да го пријават случајот на apskopska@jsp.com.mk.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2024 23:41