Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски преку facebook објава извести за рекорден трговски дефицит во 2023 година за за земјоделско-прехрамбени производи во висина од 436 милиони евра.

Во прилог ви ја пренесуваме целата facebook објава:

📉 Рекорден трговски дефицит во 2023 година во износ од 436 милиони евра ‼️

🔻 Еве како СДС го уништува македонското земјоделство, Македонија со СДС стана земја увозно зависна од храна‼️

Негрижата за македонските земјоделци и тотално погрешните земјоделски политики на СДС ги примора земјоделците да го напуштат полето, а со тоа македонските граѓани да јадат увозни земјоделски производи, Македонија од земја извозник стана земја увозник на храна под власта на СДС.

🔝 Земјоделците ќе имаат вистински партнер во новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ и заедно ќе го вратиме македонското земјоделство во онаа препознатлива состојба, а Македонија повторно ќе биде земја извозник на храна!



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2024 16:58