Под мотото „Трчаме рецитираме“, во организација на атлетскиот клуб „Спортски мостови“ на 26 мај годинава во Струга ќе се одржи четвртото издание на атлетската манифестација „Трка на поезијата“.

Манифестацијата, како што соопшти организаторот, и годинава ќе содржи три трки, главната атлетска трка на 10 километри од натпреварувачки карактер и рекреативна трка на пет километри, а ден претходно ќе се одржи и „Боград детската трка“ традиционално посветена на лицата со ретки болести.

атлетска манифестација Трка на поезијата во Струга

Како што посочуваат од „Спортски мостови“, во тек е пријавувањето за трките, а најавуваат и учество на истакнати атлетски имиња од земјата и странство.

Регистрацијата за четвртото издание ќе трае до крајот на април, на веб страната www.poetryrun.mk.

Како и претходните години, активно учество ќе земат и повеќе компании од Струга и регионот.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2024 19:40