Се чини дека сите крадат во авионот „Ер Форс 1“ на американскиот претседател Џозеф Бајден, објави Политико пишувајќи за предупредувањето упатено до новинари кои патуваат во авионот заедно со Бајден.

Како што пренесува Бета, истрагата на Политико почнала со имејл испратен до членовите на Здружението на дописници од Белата куќа на почетокот на февруари.

Претседателката на престижното здружение Кели О’Донел упати остар повик за воспоставување ред по исчезнувањето на предмети во одделот за новинари во најпознатиот и најбезбедниот авион во светот.

Кога американскиот претседател патува, него го придружуваат 13 новинари кои патуваат во задниот дел на неговиот Боинг.

За време на летот им се служат оброци и пијалаци, секогаш на сметка на медиумите од кои се, како и самото патување.

Екипажот редовно дели, како сувенири, пакувања со бонбони со печат и потпис на претседателот. Исто така, во текот на летот можат да се купат чаши и други брендирани производи.

Но, тоа не е доволно за сите патници, објави Политико, кој ги споменува чудните звуци од садови што понекогаш можат да се слушнат од торбите на новинарите кога се симнуваат од авионот.

Неименуван поранешен дописник за еден голем весник рече дека собрал толку многу чинии со позлатени работи што еднаш поканил гости на вечера и им послужил оброк во тие чинии.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2024 19:47