Извршниот директор на Мерцедес, Тото Волф, потврди дека младиот италијански возач Кими Антонели би можел да го замени Луис Хамилтон во тимот. Сепак, тој стравува дека предвременото доаѓање на 17-годишниот возач во Формула 1 негативно ќе се одрази на неговата идна кариера.

- Сè уште не знам со сигурност. Мислам дека многу ќе зависи од Макс. Имаме и еден многу перспективен млад човек. Не сакам да ставам дополнителен притисок врз него, но тој може да стане еден од големите возачи. Ние, исто така, не сакаме да го „изгориме“ со тоа што ќе го присилиме да вози Формула 1 болид на 17 години“, ја цитира „Racingnews365“ изјавата на Волф.

Антонели е член на јуниорската академија на Мерцедес од 2019 година. Во моментов тој ја претставува Према во Формула 2. Негов тимски колега е Оливер Берман, кој дебитираше оваа сезона на трката за Големата награда на Саудиска Арабија



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2024 07:03