Италијанскиот тенисер Јаник Синер синоќа го победи бугарскиот репрезентативец Григор Димитров во два сета во финалето на Мастерсот во Мајами.
Натпреварот траеше 1 час и 14 минути и заврши со резултат 6:3 и 6:1.
Синер сервираше четири аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од осум брејк топки.
Димитров имаше шест асови, една двојна грешка и не искористи една брејк шанса.
По освојувањето на турнирот, Синер за прв пат во кариерата ќе стане светски рекет број два, надминувајќи го Шпанецот Карлос Алкараз на ВТА.
За 22-годишниот тенисер ова е 13. титула на АТП турнејата.