Возачот на Ферари, Шарл Леклер, се надева дека ќе научи многу од Луис Хамилтон, кој ќе му стане тимски колега од следната сезона.
- Можам многу да научам од Луис. И за мене лично ова ќе биде одлична можност да покажам што навистина вредам. Ова е многу интересен и возбудлив предизвик. Ќе биде одлично. Со месеци знаев дека постои шанса тој да дојде во Ферари. Но, сепак бев многу изненаден кога дознав дека овој трансфер всушност ќе се случи. И ме чека неверојатен тест. На крајот на краиштата, зборуваме за возачот со најмногу победи во историјата на Формула 1. Да го имам Луис како тимски колега е фантастично, изјави Леклер.
Британецот Луис Хамилтон кој е актуелен пилот на Мерцедес, од следната година ќе биде тимски возач на Ферари.