Шаренило од маски го исполни комплексот на Домот на култура „Илинден“ во Општина Илинден, по повод Денот на шегата 1-ви април. Суперхерои, самовили, пчели, војници, пеперутки, принцези, со разни костуми учениците од Илинден ја изразија својата бујна фантазија на дефиле под маски.

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски ги разгледа маските кои дефилираа во амфитеатарот, и истакна дека сите се убави а во Илинден владееше весела и позитивна атмосфера по повод Денот на шегата, со детска смеа, песнички, секако и многу интересни маски.

1-ви април е радосен ден за најмладите кои смислуваат разни шеги и лаги, но најмногу им се радуваат на маските. Маскенбалот не само за децата, туку е предизвик и за наставниците кои приготвуваат приредби со своите ученици.

Денот на шегата е интернационален празник се слави секаде низ светот и е популарен не само кај децата туку и кај возрасните.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2024 14:01