Омилените јунаци од цртаните, пеперутки, полицајци, кловнови, пчелки, полжавчиња и многу други креативни маски денеска продефилираа низ струшките улици и го одбележаа денот на шегата - 1 Април.

Априлијадата ја организираше основното општинско училиште „Јосип Броз Тито", а дел од манифестацијата беа и подрачните училишта, како и најмладите од детската градинка „8-ми Mарт".

- Преку маски децата ги прикажаа нивните желби од соништата за иднината. Целта на овој настан беше да се обележи 1 Април како ден на шегата во кој преовладуваше прекрасна атмосфера, велат од ООУ „Јосип Броз Тито" .

По дефилето низ централното градско подрачје, забавата продолжи на Ракометното игралиште



Автор: Администратор
Објавено на: 01/04/2024 15:35