Учениците од прво до петто одделение од ООУ „Тодор Јанев“ од Чашка заедно со своите наставници и директорот денеска на плоштадот во Чашка облечени во заедничка групна маска-костим „Шпил карти“ кои самите ја изработија со наставниците во изминатите четири дена, заедно заиграа карти и упатија пораки до јавноста кои беа испишани на картите, а кои потоа јасно и гласно ги искажаа од плаштадот и ги упатија до ворасните.
- Да нема поделби, Сакаме мир, Сите сме еднакви и сите деца за нас се исти, Дарувајте ни љубов, Другарството е вредно, Среќни сте со нас, Другарството е жедно за дружење, Децата се нашата иднина, беа дел од пораките шти гу упатија учениците.
Во парадата учествуваа 87 деца од заедничките паралелки Македонци и Албанци од прво до петто одделение во ООУ „Тодор Јанев“ кое брои вкупно 178 ученици, а во парадата беа вклучени и дечињата од новоформираната паралелка по албански наставен јазик во прво одделение, а кои од второто полугодие се запишани во ООУ „Лирија“ во Горно Јаболчиште, но оваа учебна година наставата ја изведуваат во ова училиште, се додека за нив не се изгради ново училиште во селото Бањица. В.д директорот на училиштето Бојан Ѓорѓиов за МИА појасни дека училиштето кое во изминатите месеци за жал беше познато по немили настани и со бојкотот на наставата кој траеше 43 дена, а наставата продолжи на 14 февруари, одлучи Денот на шегата и смеата 1 април да го одбележат преку заедничка маска „Шпил ларти“, заедно учениците Македонци и Албанци кои учат во ова училиште, денеска од плоштадот во Чашка да упатат силни пораки до јавноста.
- Бидејќи нашето училиште во изминатиот период помина тежок период и сега сме на едно опоравување и продолжување на наставата, нашата цел денеска на Денот на шегата и смеата 1 април беше преку заедничката маска која учениците ја подготвија заедно со наставниците беше под мотото „Дека сите се еднакви и дека сите деца за нас се исти“ да упатиме и пораки до јавноста. Воедно на плоштадот пред возрасните изигравме и една игра со шпилот карти „џандар збира“, а со тоа вежбавме и математика и во играта ги вклучивме сите деца, појасни Ѓорѓиов.
На крајот учениците од четвртто и петто одделение ги прочитаа и гласно пред присутните напишаните пораки на картите, а на крај петтоделенецит Мартин Димовски прочита и априлски стихови за најмалите-најмилите.
Учениците со заедничката маска продефилираа и по главната улица во Чашка од училиште до плоштадот и назад.