Минатиот месец бил најтоплиот март во последните 15 години во централна и јужна Грција, според податоците од 53 метеоролошки станици на порталот Метео на Националната опсерваторија на Атина кои континуирано работат од 2010 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Во март годинава просечната вредност на максималните дневни температури се движела на многу високи нивоа речиси во целата земја, споредбено со просекот од периодот 2010-2019 година.

Минатиот месец бил најтоплиот март од 2010 година во Тесалија, централна Грција, на Пелопонез и на островите во Егејското море со исклучок на Крит.

Во Тесалија и централна Грција биле регистрирани најголеми температурни отстапувања од просечните месечни вредности кои биле до два степени Целзиусови над нормалните нивоа.

Во северна Грција, на Крит, Пелопонез и островите веќе девет континуирани месеци (од јули 2023 година) има позитивни отстапувања од нормалните температури во изминатите години, во Атина 24 од 31 ден во март, а во Солун 25 дена биле потопли од просечната вредност во периодот 2010-2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2024 18:30