Американскиот пејач Брус Спрингстин потпишал оправдание за отсуство за своја млада обожавателка која не пошла на училиште поради концертот на својот поп-рок миленик во Сан Франциско.

За време на завчерашниот концерт, Спрингстин забележал дека девојче од првите редови држи транспарент со натпис дека не отишла на училиште и оти ѝ треба оправдание за отсуството.

Снимките од концертот потврдуваат дека Спрингстин го потпишал документот, но не е познато дали училиштето го прифатило оправданието



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2024 05:00