Утре во Палатата Србија ќе се одржи вонредна седница на Владата на Србија, на која се поканети претседателот на државата Александар Вучиќ, претседателката на Народното собрание Ана Брнабиќ и министри, а поканети се и клучни луѓе од безбедносниот сектор, армијата и полиција, како и директори на јавни претпријатија, јави дописникот на МИА од Белград.
Медиумите пишуваат дека на оваа седница во најширок формат, која е закажана за 10 часот, ќе се разговара за акцискиот план, односно за одговорот на Србија на крајно неповолната политичка ситуација, која кулминираше со последните притисоци врз Белград кога е во прашање Косово и Република Српска.
Се очекува на дневен ред да бидат и регионалните теми и економските предизвици со кои се соочува Србијa