Тома Фила, адвокат и функционер на Социјалистичката партија на Србија (СПС), смета дека не може да помине иницијативата на Александар Шапиќ за преместување на посмртните останки на Јосип Броз Тито од Куќата на цвеќето во Кумровец, јави дописникот на МИА од Белград.
-Прво Кумровец би требало да посака Броз да биде погребан таму. Освен тоа, треба да се преиспита улогата на тој човек во историјата на Југославија, а потоа и во историјата на Србија. Беше на власт 35 години и во Србија цело време му подвлекува Фила за Данас.
Тој истакнува дека „донекаде го разбира Шапиќ“, но дека неговата иницијатива „едноставно не може да помине“.
-Ме потсетува на времето кога ме повика Слободан Милошевиќ, како претставник на Јованка Броз, да ме праша што мислам за преместувањето на Јосип Броз на Новите гробишта во Белград, бидејќи Воислав Шешељ имал намера да забие кол во гробот на Тито. Тогаш му реков дека тоа е глупост, бидејќи кој ни гарантира дека Шешељ нема да забие кол и на Новите гробишта, рече Фила.
Претседателот на привремената управа на град Белград и досегашен градоначалник на Белград, Александар Шапиќ (СНС), најави дека ќе покрене иницијатива Куќата на цвеќето да стане музеј на српската историја, а посмртните останки на Јосип Броз Тито од тој комплекс да се преселат во Кумровец.