Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека се уапсени две лица осомничени за убиството на Данка Илиќ и додаде дека сторителите го признале убиството, јави дописникот на МИА од Белград.
- Одиме на местото каде што е фрлено телото, рече Вучиќ на седницата на Владата и додаде „со какви чудовишта си имаме работа“.
Полицијата уапси две лица осомничени за убиството на Данка Илиќ, соопшти претседателот Александар Вучиќ на вонредна седница на Владата на Србија.
-Колку што разбрав, тие го признаа делото. Тие одат на местото каде што беше фрлено телото на детето, додава Вучиќ.
Тој се заблагодари на полицијата за големиот труд и посветеност.
Десет дена траеше потрагата по двегодишната Данка Илиќ која исчезна во Бањско поле кај Бор