Претседателката на Косово, Вјоса Османи, по повод 75-годишнината од основањето на НАТО порача дека Косово не запира на својот пат кон членство Северноатлантската воена алијанса, јави дописникот на МИА од Приштина.

Османи на платформата „Х“ напиша дека „НАТО е залог за идните генерации (во Косово) дека ќе наследат свет кој е побезбеден и посигурен“.

- НАТО е нашата судбина. Тоа е судбината на Косово. Нашиот пат до членство во Алијансата е незапирлив и непоколеблив. Продолжуваме заедно да одиме напред. Секогаш!, напиша Османи, приложувајќи кон објавата фотографија од нејзина средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2024 18:16