Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ на прес-конференција рече дека осомничените работници на Јавното комунално претпријатие „Водовод“ С.Ј и Д.Д на возраст од педесет години, од околината на Бор детално го опишале делото да со автомобил го удриле девојчето, но и дека телото на двегодишната Данка Илиќ се уште не е пронајдено.

Како што изјави, имаат сознанија дека еден од осомничените на 28 март се вратил на депонијата каде го оставиле телото на девојчето и го пренел на друга локација, јави дописникот на МИА од Белград.

Гашиќ изнесе реконструкција на настаните поврзани со исчезнувањето и убиството на двегодишното девојче Данка Илиќ во Бањско Поље и додаде дека секоја куќа, подрум, шахта биле отворени и претресени, бидејќи истрагата ишла во три насоки.

-Не можевме да отфрлиме киднапирање, трговија со луѓе и дека детето, некој што минувал по тој пат, како што на крајот утврдивме, го удрил со својот автомобил или ја ставил во автомобилот. Се надевавме дека детето е живо, рече тој.

Наведе и дека мајката на убиеното девојче тој ден ги видела осомничените за убиството, како и да полицијата неколку пати разговарала со мајката.

-Децата беа во дворот, си играа, а таа ги фотографираше во тие моменти. Последната слика од децата му ја испратила на сопругот во 13:22 часот. Синчето и побарало вода, кој бил на неколку метри, и кога ја земала водата сфатила дека Данка ја нема. Во 13 часот и 41 минути го повикала сопругот кој дошол во 13 часот и 55 минути, а веднаш потоа во 13 часот и 45 минути и полицијата која пристигнала на местото на настанот во 13 часот и 59 минути и веднаш започнала потера, изјави Гашиќ.

Тој изјави дека за прв пат во 18 часот и 57 минути е активиран системот за итни случаи за известување на јавноста „Проајди ме“ во случај на исчезнато малолетно лице.

Гашиќ кажа дека во периодот од 13:45 часот до 15 часот и 52 минути Данка излегла од дворот и тргнала по асфалтот, што го потврдиле двајца очевидци.

-Мајката околу 13 часот и 50 минути го барала детето, видела бел автомобил и маж како стои до него, за кое подоцна, во текот на истрагата, се покажало дека е возило „фиат панда“, во кое беа осомничените С.Ј и Д.Д.. Според изјавата на еден од осомничените, тие биле на работна задача во населбата Банско поле, каде требало да ја проверат шахтата на улицата Озренска, каде што пристигнале во 13.20 часот. Во 13.35 часот е забележано движење на возилото по споредна улица, а во 13 часот и 50 минути е снимено дека застанало на капијата од куќата, што се совпаѓа со времето на исчезнувањето на малата Данка“.

-Девојчето го удрија на 30 метри од местото на исчезнување. Возел Д.Д кој го удрил, а С.Ј го ставил девојчето кое било без свест, во багажникот. На пат кон депонијата го сретнале таткото на девојчето, лажејќи го дека не го виделе детето. Потоа С.Ј го фрлил детето на депонија, додека вториот осомничен чувал стража, кажа Гашиќ на прес - конференцијата.

Тој додаде дека „во монструозност на убиството говори и фактот што С.Ј истиот ден учествувал во потрага на двегодишната Данка Илиќ“.

Полицијата се уште трага по телото на девојчето.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2024 18:18