Од седиштето на НАТО во Брисел, на официјалната церемонија по повод 75-годишнината од Алијансата, албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, порача дека „силно НАТО е од суштинско значење за мирот и безбедност на генерациите“, јавија медиумите.
- Како една мала нација, ние длабоко ја разбираме моќта на единството. Стратешката конкуренција, новите закани, сајбер и дезинформативните кампањи бараат адаптација. Охрабрени сме од зголемениот фокус на НАТО во овие области, обезбедувајќи го неговото континуирано значење во заштитата на нашата заедничка иднина, рекол Хасани.
Оценувајќи ја високо улогата на Алијансата низ годините, посебно се задржал на регионот.
- Ги спасивте животите на луѓето во нашиот регион, животите на луѓето од Босна и Херцеговина и Косово, кои се соочуваат со етничко чистење, истакнал шефот на албанската дипломатија.
Албанија која одбележува 15.години членство во Алијансата, според медиумите, очекува позитивна вест на искажаната подготвеност да биде домаќин на Самитот на НАТО во 2027 година.