Вкупно четворица возачи ќе учествуваат на викендот за Големата награда на Јапонија со нови мотори. Тоа се Серхио Перез, Луис Хамилтон, Естебан Окон и Јуки Цунода.

Сите тие ќе го користат својот втор од четирите дозволени мотори со внатрешно согорување, турбо, компоненти MGU-H и MGU-K. Ќе има и нова електроника за Окон и неговиот тимски колега од Алпин, Пјер Гасли, нивни втор и последен дозволен за сезоната.

Вкупно седум возачи ќе ги користат новите издувни системи овој викенд. Тоа се Перез, Хамилтон, Џорџ Расел, Шарл Леклер, Карлос Саинц, Окон, Гасли и Цунода. За сите освен Перез и Цунода, тоа ќе биде втор од осумте издувни системи за годината, додека за двајцата возачи од таборот на Ред Бул ќе бидат под бр.3 за кампањата.

Ќе има и нови менувачи за тимските колеги од Мерцедес Расел и Хамилтон во Јапонија. За двајцата тие ќе бидат втори од вкупно петте што ги имаат во рамките на сезоната.

Постои можност повеќе возачи да ги сменат компонентите на своите болиди до крајот на викендот. Тоа најверојатно ќе биде случај со Логан Сарџент, кому можеби ќе му треба нов менувач по неговата несреќа на првиот тренинг претходно денес.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/04/2024 13:00