Животот е полн со забрани и ограничувања, а среќата некогаш е во некои ситници што, за жал, во поголем дел од светот се нелегални. Но, ова не важи во овие држави:

1. Шетање голи во Шпанија - оваа држава е преполна со нудистички плажи, но ретко кој знае дека не мора да сте на таква плажа за да бидете голи. Всушност, од 1978-ма, шетањето наоколу голи за луѓето во Шпанија е загарантирано човеково право.

2. Во Јужна Африка може да имате огнофрлач на автомобилот - дури постои и таканаречен „бластер“ со далечина на дофрлање од околу 20 метри, што е произведен токму за да може да се закачи на автомобил. Иако „бластерот“ веќе е повлечен од продажба уште од 1998-ма, оние кои го имаат легално можат да го „развозуваат“ со нивните возила.

3. Склучување брак со куче во Индија - всушност, во Индија можете да се венчате со било кое животно, но низ годините се покажало дека кучињата се најпопуларни избраници.

4. Крадење уметнички дела во Холандија - доколку имате трпение, 20 години по стореното дело кражба, веќе имате легално право на сопственост над уметничкото парче што сте го украле. За позначајни дела, оваа граница изнесува 30 години.

5. Во Канада, легално е вработен во владата или законодавните домови да помогне на некој што сака да си инјектира хероин. Всушност се работи за институција во Ванкувер каде се вработени медицински лица, како дел од власта, кои помагаат правлно да се вбризга дозата. Корисниците на оваа „услуга“ можат да бидат сигурни дека ќе добијат чиста, стерилна опрема.

6. Во Иран, секој може да го продаде својот бубрег легално - оние што сакаат да го направат тоа, лепат плакати низ градот на коишто е напишана крвната група и телефонскиот број. Откако е одобрен овој „пазар“, листи на чекање за трансплантација на бубрег веќе не постојат.

7. Во Русија, можете да се идентификувате како змеј - во оваа држава можете да бидете што сакате, па дури и хобит, џуџе, марсовец, клингонец...

8. Во САД легално може да поседувате мини рафално оружје и тоа само поради дупка во законот за сопствениците на огнени оружја од 1986-та.

9. Возење тенк низ улиците во Англија - иако на многу места можете да возите тенк по специјално бележани патеки и полигони, во Англија тоа може да го правите на било кој пат, дури и за до маркет или до училиште.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2024 06:28