Во првите три месеци од годинава Албанија ја посетиле над 1,7 милиони туристи, што е рекорден број за прв квартал од годината.

Ова го соопшти премиерот Еди Рама преку објава на социјалните мрежи каде вели дека е „поставен нов рекорд во туризмот на нашата земја“.

- Над 1,7 милиони странски туристи не посетија во првите три месеци од 2024 година, поставувајќи нов рекорд за нашата млада туристичка индустрија. Во Албанија само во текот на месец март уживаа 734 илјади посетители, или 91 отсто повеќе од март минатата година, што во бројки бележи голем напредок, на кој мора да одговориме со се повисоки стандарди на гостопримство, здружувајќи ги силите за јавни и приватни услуги на најдобро ниво, напиша Рама.

Историски рекорд, по бројот на туристи, на годишно ниво, Албанија забележа лани, кога во земјата престојувале 10,1 милион туристи што е за над 2,5 милиони туристи повеќе во однос на претходната година.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2024 18:15