Ако ви е здодената секојдневната рутина на кафе-пиење, имаме предлог за вас: обидете се со арапско кафе. Јако е, не содржи засладувачи и има одличен мирис благодарение на големата доза на кардамом.

Инаку постојат многу варијации околу начинот на негова припрема, онолку колку што постојат нации кои уживаат во него, како начин од Либија, Ирак, Јемен, Саудиска Арабија. Но културата на пиење кафе има длабоки корени во овој регион, значи постојат некои константи.

Прво, Арапското кафе не се процедува низ филтер, туку се вари.

Наваи Насалах, кој е автор на книгата за готвење „Задоволствата од рајската градина“ објаснува дека арапското кафе традиционално се прави во специјален сад наречен далах, но исто така може да се припреми и во обично ѓезве. За да направите кафе, полуиспечените зрна се мелат како прав и се ставаат во веќе зовриена вода, често со кардамон доколку истиот не е претходно сомелен во зрна и се остава околу 10 до 15 минути.

Кафето се служи во малечки шољички без рачки наречени филџан. Се полни само третина од малечката шољичка. Во својата книга „Готвачот од лаепо“, Мерлин Матар објаснува, својствено шољичките да се полнат неколку пати.

Второ, арапското кафе традиционално се служи горко.

Тоа има груб и горчлив вкус. Често се сервира заедно со колачиња со кои се сузбива неговата горчливост. Сепак, во денешно време лесно може да се најде шеќер.

Трето, арапското кафе е ароматично.

При подготовката често голема улога играат и зачините. Најчесто се користи кардамом како зачин и се додава во големи количини, запичал Ламеес Ибрахим во својот „Ирачки готвач“. Кардамомот повекогаш се меле со зрната кафе и се вари заедно со него или пак се додава во кафето после првото превривање, а потоа се заедно повторно се вари.

Во арапското кафе може да се најде и вкусот на каранфилчето, шафранот, кој му дава златна боја и понекогаш ружината вода. Поради овие зачини остатокот од светот и не може долго да го пие



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2024 05:27