Претседателот на Србија Александар Вучиќ писмено ќе предложи да се промени Кривичниот Законик на Србија и да се воведе смртна казна после убиството на малата Данка Илиќ.

Во минатото се залагав јавно и ја замолив владата на Србија да разговара со Советот на Европа и да види дали е можно повторно да ја воведеме смртната казна, а да не сносиме последици. Ако некое дело заслужува смртна казна, тогаш ова е тоа дело, изјави тој и додаде дека писмено ќе предложи повторно таква промена на Кривичниот Законик.

Според него, во ред е да има смртна казна кога работите се ,,очигледни” но рече и дека ги разбира противниците на оваа идеја, затоа што ако еднаш се направи грешка и се досуди смртна казна на некој што е невин, а за 30 години се докаже дека бил невин, тогаш тоа е многу поголем грев одошто да му се досуди некому пониска казна.

Пред да соопштам за смртта на Данка, знаевме дека детето е удрено со автомобил и уште неколку детали. Но не знаевме со сигурност. И тогаш Гашиќ ми соопшти и дознавме дека детето не починало од ударот на автомобилот туку подоцна. Ако тогаш кога го соопштував тоа, покажев емоција, секој со право ќе ви рече дека тоа е неумесно. Како да се чувствувате кога знаете дека невино детенце починало поради лудаци и психопати, праша Вучиќ.

Инаку според Вучиќ сторителите на делото мислеле дека ќе останат неказнети.

– Тоа е се што можам да кажам. Во нашата земја има безброј луѓе кои знаат се за ова и за другите злосторства, би било премногу да зборувам за тоа. Јас ќе кажам нешто друго. Своевремено јавно се залагав да се размислува за повторно воведување на смртната казна, а да не бидеме казнети. Овој чин заслужува смртна казна. Ќе го повторам тоа барање до Владата на Србија, нека го разгледа – рече Вучиќ.

Вучиќ потсети и дека воведување смртна казна побарал и по масакрите во „Рибникар“ и Дубона.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/04/2024 06:12