Макс Верстапен денеска трет пат по ред победи на трката за Големата награда на Јапонија и се израмни со достигнувањето на Михаел Шумахер од почетокот на векот, кога забележа три последователни победи на Сузука - во 2000, 2001 и 2002 година.
Повеќе од 20 години ниту еден друг возач не успеал да постигне таков резултат, вклучително и за време на доминацијата на Себастијан Фетел, а потоа и на Луис Хамилтон.
Тоа беше 57-ма Ф1 победа и победа бр.20 за Верстапен на последните 22 трки во светскиот шампионат, а другите две трки ги освои Карлос Саинц - минатата година во Сингапур и пред две недели во Австралија.
По неговата трета победа во неговите први 4 старта оваа сезона, Макс води пред својот тимски колега од Ред Бул, Серхио Перез со 13 поени на врвот на табелата