Комитетот за внатрешни работи, правда и граѓански слободи на Европскиот парламент утре треба да го усвои извештајот на известувачот за укинување на визите за граѓаните на Косово со српски пасош, Матјаж Немец.
Откако на 1 јануари стапи во сила визната либерализација за Косово, косовските Срби со пасоши на Управата за координација се единствените во регионот, на кои им е потребна виза за патување во ЕУ. ЕК во ноември 2023 година предложи промени во регулативата од 2018 година, така што безвизниот режим ќе се применува и за косовските Срби.
Во извештајот на Немец се истакнува дека визите за косовските Срби се дискриминација.
- Додека не се реши конечниот статус на Косово или не се постигне значителен напредок во нормализацијата на односите помеѓу Косово и Србија, предлогот не треба да се обидува и не може да го реши спорот помеѓу Србија и Косово, ниту треба да се очекува, се истакнува во извештајот на Немец, додавајќи оти на тоа треба да се гледа како на техничко прашање.