Македонската женска тениска репрезентација оствари триумф во дуелот од првото коло во рамките на Втората Евроафриканска зона од Били Џин Кинг купот совладувајќи ја денеска Естонија со 2:1.
Победата ја донесе македонскиот дубл Лина Ѓорческа – Магдалена Стоилковска триумфирајќи во третиот решавачки дуел со 6-3, 6-2.
Македонските тенисерки беа во негатива по воведниот натпревар против Естонија, откако Стоилковска со 2-0 (6-1, 6-3) загуби од Елена Малигина.
Израмнување донесе најдобрата македонска тенисерка Ѓорческа која со 2-0 во сетови (7-6,6-4) ја совлада искусната Каја Канели