Специјалниот суд против организиран криминал и корупција (ЃККО) го отфрли барањето на поранешниот албански премиер Сали Бериша и неговиот зет Џамарбер Малтези за укинување на мерката куќен притвор.

- Двете поднесени барања денеска ги разгледа судијката, Ирена Ѓока и истите ги отфрли. Адвокатите на Бериша и Малтези побараа полесни безбедносни мерки за нивните клиенти, тврдејќи дека во оваа фаза од истрагата мерката домашен притвор против нив не е потребна, јави Топ чанел.

Бериша и Малтези се обвинети дека во меѓусебна соработка, во времето кога Бериша беше премиер, направиле прекршувања во постапките за приватизација на поранешниот спортски комплекс „Партизан“ во Тирана на чиј простор Малтези изградил висококатници и остварил профит од над пет милиони евра.

Малтези во 2008 година го приватизирал поранешниот спортски комплекс, простор од околу 10.000 квадратни метри во центарот на Тирана, а за тоа платил 100.000 долари, што, е помала од вредноста на гарсоњера продадена на тој простор.

Бериша, кој е пратеник, во домашен притвор е од 30 декември минатата година. Неговиот адвокат обвини дека денешното отфрлање на барањето се прави со цел да го изгуби пратеничкиот мандат.

По барање на Специјалното обвинителство на Бериша му беше одземен имуниттетот, а мандатот го губи доколку во период од шест месеци не присуствува на ниту една седница во законодавниот дом.

Неговиот зет за ќерка, Малтези беше уапсен на 21 октомври, на аеродромот во Тирана, при обид да ја напушти земјата. тој беше во притвор, а потоа мерката му беше преиначена во домашен притвор



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2024 04:17