Скандинавија е позната по русокосите, сауните, групата АББА,Златан Ибрахимовиќ, киселата харинга, Пипи Долгиот чорап и белите ноќи. Една девојка израснала во Шведска, и таа кажува дека тука се кријат некои тајни, кога станува збор за жените.

1. Правилото дека тој е мачо и мора да ја плати сметката

Ние знаеме дека вие го знаете ова, но работата е тоа дека во Шведска, еднаквост меѓу половите се зема здраво за готово. Таму жените не растат во страв дека мажите се супериорни, нити пак треба да им докажуваат на маѓите дека тие не управуваат со нивниот живот. Мажите тоа не го прават, не се сметаат за попаметни и на крајот, тие немаат право да го прават тоа. Поради некоји причини, жените не очекуваат мажот да ја плати сметката, освен ако жените избираат да бидат домаќинки, на пример, така што нивниот буџет е заеднички. Ако мажот е на многу подобра скала во неговата кариера, тој ќе ја плати сметката, но дури и тогаш тоа не значи дека е морално.

Жените се различни од мажите, но не се ниту полошо ниту подобро рангирани. Ги слават различностите и уживаат во еднаквоста.

2. Не одат само жените на породилно!

Сте слушнале дека жените одат на породилно боледување откако ќе родат дете? Во Шведска, на пример, и мажите го имаат истото тоа право-платено отсуство од работа поради раѓање на дете. Секако дека мајката и таткото се две различни единки, но тоа не значи дека татковците помалку се грижат за новороденчињата. Иако татковците имаат природна тенденција да ја заштитат и осигураат фамилијата, тоа не значи дека тие немаат желба да поминуваат време со неа. Дајте им шанса на нивните желби, дозволете им да учествуваат во одгледувањето на фамилијата.

3. Би им било смешно тоа што овде на Балканот голотијата се смета за срамна работа

Да, Скандинавците имаат сауни и луѓето внатре влегуваат и седат голи. На вас тоа може да ви се допаѓа или не, но нормално е да ги видите другите луѓе како го прават тоа. Никој не се обидува да се скрие позади пешкирот после туширање, особено не жените. Нивното тело не е ништо поразлично од вашето! Да се биде гол не е секогаш практично или препорачано, но не е нити скандалозно- тоа е природно. Помирете се со вашето тело.

4. Би им било уште посмешно што ние го цензурираме сексот-тие кријат нешто многу полошо

Во Америка филмските сцени со секс се цензурираат. Во Скандинавија се цензурира насилството. Насилството најчесто е навредливо и доведува до тоа да луѓето бидат повредени на некој начин. Сексот е чин на љубов, кои го претставуваат две особи кои се ангажирани во нешто што тие го сакаат. Сексот е добар за вас доколку го ползувате од добри причини, но околу него морате да водите рачун, поради тоа што луѓето во Скандинавија за него се едуцираат од рана доба, за да научат да се заштитат себе си. Сексот е дел од човековата природа, и важно е што тие не ги мешаат привлекувањето со љубовта. Сакајте го сексот и уживајте во него.

5. Ѓубрето по улиците им го крева притисокот

Скандинавија е област во која се почитува природата. На лето сите одат на село и на плажа, а ако ги прашате нивните жители што е најдобрата работа во Скандинавија, повеќето ќе ви одговорат дека тоа е природата. Луѓето према неа се заштитнички настроени, па жените ги воспитуваат децата да не го уништуваат тоа што го имаат.

6. Поефтиното не е прљаво, тоа е само по практично

Шведската принцеза често носи гардероба од Шведскиот бренд H&M на големите државни збиднувања, особено ако има ЕКО етикета.Таа може да си ги приушти најскапите брендови на светот, но зошто да го прави тоа кога може да го купува она што и се допаѓа на нејзе, иако е неколкупати поефтино. Поефтиното не е прљаво, тоа е само по практично. И доколку ви се допаѓа, цената не е битна.

7. Старлетите и спонзорушите им се незамисливи

Повеќето од луѓето имаат доволно пари за да си го купат она што го сакаат, па поради тие причини не се оптеретуваат со богатството. Доколку влезете некаде и почнете да се фалите со своите пари, голема е шансата да не привлечете ничие внимание. Американците сакаат да се фалат со успехот, но Скандинавците не сакаат кога луѓето се фалат со парите. Тие го почитуваат успехот, интегритетот и карактерот повеќе отколку вашата банкарска сметка.

8. Чудно им е тоа што 30 девојки ги викаме ,,најдобри’’ другарки

Кога ќе ве поканат на кафе или вечера, тие сакаат навистина да го поминат времето со вас. Скандинавците можда не се претерано дружељубива нација, но кога ќе остварат интеракција со луѓето тие можат да створат доживотно пријателство. Не се преправаат дека ги сакаат луѓето кои не ги сакаат. Можеби жените можат да бидат малку подружељубиви, повеќето нации можат да учат од нивните вредности кои не подразбираат лицемерие скоро никогаш.

9. Како тоа мислиш не знаеш да зготвиш ручек?

Жените можат да работат, готват, месат, и прават се што сакаат-тие тоа го имаат учено во школо. Тие едноставно знаат како да се грижат за домот и семејството. Основите на животот ги знаат и мажите и жените, но жените се тие кои можеби повеќе уживаат во тоа. Тие шијат костими за детските родендени, а од друга страна имаат и успешна кариера. Тие никогаш не се безпомошни, дури можат и сами да го склопат мебелот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2024 06:01