Од природни катастрофи, па до премногу тешки шефови, нашиот свет е исполнет со стрес.
Додека некои истражувања покажаа дека кратки рафали на стрес може да биде добра за вас, една нова студија од Државниот универзитет во Охајо и објавени во списанието Proceedings of the National Academy of Sciences (Зборникот на Националната академија на науките) покажа дека ако сте постојано под стрес подолг период (како што се работа со токсични шефови или се грижите за стар родител) тоа всушност може да ги промени вашите гени, што доведува до воспаленија што може да донесат различни здравствени проблеми.
Учењето како да се справите правилно со стресот ќе ви помогне за подобрување на вашето здравје. Еве, неколку најдобрите начини како да се справите со стресот .
1. Земете свеж воздух
Истражувањата покажуваат дека витаминот Д поттик од сончевaта светлина може да го подигне вашето нивоа на серотонин Глетките, звуците и мириси околу вас го тргаат фокус од вашите грижи, вели Кетлин Хол, едукатор за здравје и основач и извршен директор на Стрес институт, Атланта.
Не можете да излезете надвор? Една студија на Државниот универзитет во Вашингтон открива дека кога растенија се ставаат во работните простори, вработените имаат понизок систолен крвен притисок. Во превод: тие се помалку под стрес!
2. Прдржувајте се до рутини
Без разлика дали тоа капење пред спиење, слушање на вашата омилена листа за песни на патот кон работа, или шетање на кучето во паркот или по улица секое утро, во време на стрес тоа ви помага да се сврти кон рутина.
"Нашите тела природно ги прифаќаат рутините, а со фокусирање на овие ритуали се зголемува способноста на телото да се справи со физичките аспекти на стресот", вели Кристи Мата, дијалектички бихавиористички терапевт и автор книгата The Stress Response.
Кога стресните ситуации ве прават немоќни, рутина ви овозможува да ја врати контролата на дел од вашиот ден може да се ублажат некои од анксиозности и напнатости.
3. Излезете од вашата глава
Дали некогаш сте влегле во циклус на негативни мисли кој никогаш не завршува и во главата само ви се врти изразот „што ако„? Тоа е затоа што стресот сака да направи хаос со вашиот ум. Безпогрешен и забавен начин да се излезе од главата е да се вклучите во активности кои ги ставаат во фокусот вашите раце или тело (месење леб, скицирање слика, плетење шал, или качување на карпа), вели Хол. Кога вашите раце и прсти, почнуваат да работа во познатите ритмички движења, праќаат сигнал до мозокот, така што веднаш ќе се опуштите и ќе се почувствувате приземјени. Значи уживајте ангажирајќи се во креативен активност и подгответе се да го притиснете копчето „неми“.
4. Поврзете се со вашата духовна страна
Со векови, религиозни групи и домородни племиња во светот ги користат бројаници како вовед при својата духовна практика, а истражувањата покажуваат дека духовноста може да ја зголеми среќата во време на стрес. Размислете за купување на сет на бројаници или да направите своја, укажува Хол, а потоа да создадете позитивни афирмација или мантра која одекнува со вас. (Нема потреба да се религиозни-можете само да користите испиративни изреки ) Потоа, следниот пат кога стресот ќе удри, повторувајте ја афирмација при допир натопчињата од бројаницата. "Колку повеќе се врти бројаницата, толку повеќе ќе се доживеете чувство на моќ и одвојување од извор на анксиозност и вашиот мозокќе премине во медитатиен ритам", објаснува Хол.
5. Визуелизирјте смиреност
Најдете тивок простор, затвори ги очите, фокусирајте се на вашето дишење и транспортирајте се на вашето среќен место за неколку минути секој ден. Истражувањата направени од Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес покажуваат вашето тело, всушност произведува помалку од хормонот на стрес кортизол кога сте ангажирани со имагинација. Постојат голем број на книги и статии напишани на оваа тема, ако ви треба помош да започнете, но најважно е да се пронајде слика која вас ве смирува (убава син океан може да биде сосема релаксирачки на една личност, но ноќна мора за некој кој се плаши од вода).
6. Искапете се
Вода има вродена благотворно дејствија на телото и умот, бидејќи таа не поврзува назад кон нашето време во уробата, вели Хол. Во точно определено време влезете во кадата. Запалете миризливи свеќи. Изберете мирис кој е најдобар за вас или може да одберете лаванда или јасмин, бидејќи и двете имаат својство за намалување на стресот.
7. Изразете ја вашата благодарност
Неколку направени студии го откриваат позитивниот ефект од изразување на благодарност. За време на проучување на активноста на мозокот истражувачите од Националниот институт за здравство откриле субјектите кои покажувале повеќе благодарност имале повисоко ниво на активност во хипоталамусот, дел од мозокот кој има огромно влијание врз нашето нивото на стрес. Плус, благодарноста ги активира регионите поврзани со допаминот, еден од оние невротрансмитери за добро чувство. За да ги почувствувате овие бенефициите за намалување на стресот, запишувајте ги своите чувства на благодарност секојдневно во вашиот дневник, или испраќање мали пораки до пријателите или семејството допуштајќи им да знаат колку ги цените.
8. Вежбајте
Вежбањето можеби е вашиот најдобар другар во справување со стресот: тоа го поттикнува производството на ендорфини во вашето тело за добро чувство, може да помогне во регулирање на вашиот сон, ги намалува симптомите поврзани со блага депресија, ја зголемува вашата енергија и ви помага да останете помирни и повеќе фокусирани, сите многу важни за справување со стресот. Вклучете го вежбањето како дел од вашите задачи, избере некоја активност која ја сакам и која со нетрпение ќе очекувате да ја практикувате, притоа најдете и другар кој заедно со вас ќе вежба и ќе ве мотивира.