Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз денеска објави дека се повлекува од Мастерсот во Монте Карло поради повреда на мускулот на десната подлактница.

„Тренирав во Монте Карло и се обидував до последен момент да се заздравам, но тоа не беше можно и морав да се повлечам“, напиша Алкараз на социјалната мрежа Икс.

Алкараз во второто коло требаше да игра против Канаѓанецот Феликс Огер-Алиасим.

Шпанецот поради повреда го пропушти и минатогодишниот Мастерс во Монте Карло.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 00:40