Самураите биле најпочитуваните воини во предмодернистичка Јапонија. Подоцна тие ќе бидат дел од владечаката воена класа која ќе биде највисока класа во периодот Едо (1603 – 1867). Самураите користеле различни типови на оружје, но нивно главно оружје и симбол е мечот. Самураите се воделе според посебен начин на живот според етичкиот код на Бушидо. Бушидо е спој на лојалност кон само еден господар, самоконтрола и почитување, како и етичко однесување.

Историја

Самураите потекнуваат од Хеиан периодот, во кој се воделе војни за да се покори племето Емиши во регионот Тохоку. Приближно во исто време, многу богати земјопоседници плаќаат војници како своја приватна армија.

Тогаш настанува и борба за власт помеѓу два најбогати клана, Минимото и Таира кои ќе се соочат и со централната власт и ќе се борат за превласт над целата земја. Минамото Јоритомо ќе извојува победа и ќе постави нова воена влада во 1192 година, предводена од шогун или врховен командант за војската. Така ќе почне владеењето на самураите кое ќе трае повеќе од 700 години во Јапонија.

Во текот на хаотичната ера на завојувани држави во XV и XVI век, Јапонија ќе биде поделена на десетици независни држави кои ќе војуваат една со друга. Така во овој оериод побарувачката на војници нагло ќе се зголеми. За овој период може многу да се дознае и од самураиските филмови од Куросава.

Земјата се враќа во нормала по 1500 година, а потоа и се поставува системот Едо во кој самураите се наоѓаат на првото место проследени со земјоделците, занаетчиите и трговците. Во тоа време самураите биле принудени да живеат во големите градови, каде што биле плаќани со ориз од нивните господари или од феудалците. Тогаш настанало проблем со самураите кои немале господари па правеле проблеми поради немањето на храна.

Релативен мир преовладува во текон на приближно 250 години од периодот Едо. Како резултат на тоа самураите повеќе не биле толку потребни оа многу од нив се занимавале со бирократија, уметност и учителска дејност. На феудалната ера во Јапонија ќе и дојде крајот во 1868 година, а неколку години подоцна ќе бидат укинати е самураите.

Самураите денес

Денеска самураите можат да се поврзат со многу забавни атракции кои можат да се најдат насекаде низ Јапонија во форма на замоци, музеи, историски резиденции и историски тематски забавни паркови. Така туристите можат да се запознаат со културата на самураите.

Замоци

Замоците во Јапонија се развивале со текот на времето и служеле како воени одбрамбени тврдини во кои живееле самураите. Денес во Јапонија постојат на сто замоци, а многу од поранешните замоци се на реконструкција. Повеќето од замоците се користат како музеи од кои што може да се дознае многу за културата на јапонските самураи.

Самурајски области и палати

Со цел да се одделат социјалните касти, самураите биле принудени да живеат во одредени области на градовите во текот на периодот Едо. Денес, неколку од овие самураиски области остануваат сочувани со историската атмосфера на тесните сокаци, земјените ѕидови, влезните порти и резиденциите, и им овозможуваат на туристите да добијат увид во самурајски живот.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2024 06:41