Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска упати низа критики на сметка на опозицијата и ја обвини дека не сакаат дијалог, но дека ќе се заложи за негово продолжување и оти побарала да достават предлог до утре во 12:00 часот за тоа како да се продолжи со работа по препораките на ОДИХР, јави дописникот на МИА од Белград.

-До утре до 12 часот треба да ми испратат предлог како да продолжам да работам на имплементација и препораки на ОДИХР за повеќе да не си играме мачка и глушец. Ќе ја усвојам секоја нивна сугестија како понатаму, изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека до утре до 12 часот опозицијата треба да го испрати и предлогот на свои претставници за комисијата која ќе се занимава со увид и ревизија на избирачкиот список, што важи и за граѓанскиот сектор.

-Под три, барам ресорните министерства што поскоро да ги вклучат коментарите на граѓанските организации и пратеничките групи, доколку ги има, за предложените закони за кои се разговараше, за да се финализираат законите во следните пет дена, потоа да има уште една состанок, потоа јавна расправа и усвојување на законот, рече Брнабиќ.

Таа додаде дека денешната тема била специфична за препораките на ОДИХР и дека предложените измени на законот претставуваат имплементација на седум препораки, како законот за избор на пратеници и законот за локални избори, законот за финансирање на партиите, спречување на корупцијата и за Уставниот суд по препораката од конечниот извештај на ОДИХР.

Брнабиќ рече дека потпретседателката на ССП, Мариника Тепиќ, дошла со писмен говор, наместо да води дијалог, дека опозицијата повторно го отфрлила дневниот ред и сакала да зборува за суштината на изборите и на крајот ја напуштиле средбата пред крај.

Таа им се заблагодари на невладините оранизации Цесид, Црта и Транспарентнст за правилниот пристап и конкретните предлози



Автор: Администратор
Објавено на: 11/04/2024 17:57